| Портал - Култура и Уметност |
Благодарение на уметничкото богатство, неколку годишни саеми, претстави и опери, како и лирската сезона во арената и античкиот амфитеатар изграден од страна на Римјаните, Верона поседува големо културно наследство и е најпосетувана дестинација.
Арена ди Верона
Анфитеатрите се формирани уште во I век од н.е. Во него се воделе водечки гладиаторски борби и витешки турнири. Театарот имал капацитет за 20 000 гледачи. Најпознатите оперски пејачи настапуваат во Ареја ди Верона, и секоја сезона привлекуваат над 500 000 Италијанци и странци.

Куќата на Јулија
Куќата на Јулија е изградена во XIII век. Се наоѓа во близина на плоштадот „Ербе ". Таа била сопственост на семејството Капулети, во внатрешниот двор на куќата се наоѓа скулптура на Јулија, направена од бронза. Може да се види и познатиот балкон од кој Јулија се гледала со својот сакан Ромео.
Куќата на Ромео е исто така во Готски стил, изградена во XIV век.

Плоштадот на Сињорита
Во центарот на плоштадот може да се види скулптура на Данте Алигиери, изработена од скулптурот Хуго Занони. Тука се наоѓаат Палата на правдата и Дворецот на Градскиот совет.

Цркви
Најпознати цркви во Верона се :
Катедралата "Санта Марија"
Базиликата "Сан Зенот" - единствена со олтари и ѕвона од средината на XI век, во неа се погребани моштите на св Зенон, покровител на Верона.
Базиликата "Свети Анастасиј" - еден од најголемите храмови во Верона.

Превземено од www.kantar.mk
| < Пред | Следно > |
|---|







