| Портал - Култура и Уметност |
Американскиот филмски режисер Тим Бартон е избран за претседател на жирито на овогодинешниот филмски фестивал во Кан.
Бартон, кој важи за еден од најчудните и најконтроверзните филмски уметници се прослави со готичките филмски фантазии „The Nightmare before Christmas, Edward Scissorhands, Corpse Bride.
Режисерите на овогодиншениот фестивал кој ќе се одржи од 12 до 23 мај ќе мора да го импресионираат феноменалниот режисер кој е познат по извртените и чудни креации во своите филмски достигнувања.
- Тим Бартон е еден од најдобрите режисери на денешницата. Неговите помалку чудни филмови ги воодушевија гледачите ширум светот и засекогаш ќе останат како пример за идните млади режисери. Бартон е вистинскиот избор за претседател на жирито во Кан. Ова ќе биде интересен фестивал, изјави извор близок до режисерот.

Новиот проект на Бартон, Alice in Wonderland во кој глуми најдобриот пријател на Тим, Џони Деп, очекувано одлично помина кај најпознатите филмски критичари во Холивуд.

Превземено од www.idividi.com.mk
| < Пред | Следно > |
|---|







