| Портал - Наука и Пронајдоци |
Научниците предупредуваат дека преголемиот улов во природното живеалиште на "најтажната" риба на светот може да предизвика нејзино изумирање.
Стручно оваа риба се вика psychrolutes marcidusa, а позната е и како "blobfish". Рибата може да порасне до 30cm и живее на длабочина од 800 метри во југоисточна Австралија.
Оваа риба не се јаде, но бидејќи живее на иста длабочина со некои видови ракови, особено јастози, често е уловена во мрежите. Токму порaди овој вид на ловење таа е загрозена.

Нејзиното месо е како желатин и е малку погусто од водата, се движи многу малку, а најчесто лежи на дното. Поради изгледот на нејзиното тело таа може лесно да биде повредена.
"Овие риби се многу чувствителни на повлекувањето на мрежите, а од она што ни е познато, тие можат да опстанат само на големи длабочни", објаснува професорот Callum Roberts од сеучилиштето во Њујорк. Тој додава дека оваа тажна риба сега има вистинска причина за тага. Луѓето што се занимаваат со оваа проблематика велат дека со овој начин на ловење се загрозени и другите видови на риби.
Превземено од www.kantar.mk
| < Пред | Следно > |
|---|







