| Портал - Занимливости |
Холивудската двојка Сузан Сарандон и Тим Робинс одлучи да стави крај на својот 23-годишена врска.
- Актерката Сузан Сарандон и нејзиниот партнер Тим Робинс соопштија дека се разделиле во текот на летово, соопшти претставникот за печат на актерката додавајќи „повеќе коментари нема да се даваат“.Двојката се запозна во 1988 година за време на снимањето на бејзбол комедијата Bull Durham. Сарадон и Робин заедно имаат две деца, 20-годишниот Џек Хенри и 17-годишниот Мајлс Гутри. Сарадон има уште една ќерка, 24-годишната Ева Амури, од бракот со италијанскиот режисер Франко Амури.
На едно од последните јавни појавувања, 63-годишната Сарандон одби да одговори на прашање за Робинс.

Во 2004 година, Сузан за „Times of London“ рече дека не планира да ја официјализира својата долгогодишна врска.
- Тој е фраер и е 12 години помлад од мене. Не сакам да се омажам бидејќи ми е страв дека ќе го сфатам премногу сериозно, или пак тој мене. Кој знае може ќе има добра причина за таква прослава кога ќе наполнам 80 години. Децата и имотот не врзуваат, но и борбата. Се бориме силно, но чесно. Не можам да кажам дека секогаш е удобно, но тој е навистина добар пријател, рече Сарандон".
Превземено од www.idividi.com.mk
| < Пред | Следно > |
|---|







