| Портал - Занимливости |
Тони и Ева Лонгорија Паркер одлучија да ги заменат зимските денови со летни ноќи (Summer Nights!)
Со перики на глава и смешна кореографија, ѕвездата на Desperate Housewives и кошаркарот на San Antonio Spur одлучија повторно да ги оживеат познатите ликови од мјузиклот „Брилијантин“ (Grease), Дени Зуко и Сенди Олсон.
- Тоа е омилениот филм на Ева, вели Паркер во видеото објавено на неговиот интернет сајт. Сепак, фактот што „Брилијантин“ е омилениот филм на Ева, не е причината за видеото во кое двајцата пеат и играат. Во видео кошаркарската ѕвезда вели дека тој и сопругата сакаат да ги предизвикуваат фановите.

- Сега вам ви е ред, вели Паркер.
Лонгорија Паркер и нејзиниот сопруг ќе ги погледнат сите испратени клипови кои ќе пристигнат до 31-ви јануари, а потоа победникот ќе го донесат во Сан Антонио, Тексас, за да го гледаат Паркер како игра за San Antonio Spur.
Превземено од www.idividi.com.mk
| < Пред | Следно > |
|---|






