| Портал - Занимливости |
„Големиот брат“, конечно се смилостиви врз љубовта на Карло и Вики, па реши да му исполни една желба од трите желби на црногорскиот фризер.
Виолета Ралева, се појави во собата за исповед, каде Карло со затворени очи чекаше да види која од трите желба ќе му е исполнета... Кога ги отвори очите и ја здогледа, едноставно не можеше да поверува, па следеа пребратки бакнежи и изјава на љубов, зачинета со просење. - Ќе се омажиш ли за мене, рече Карло.
Ралева, видно изненадена, возбудена, сепак успешно го избегна одговорот, велејќи дека го сака.

Во изјава за српскиот весник Блиц, Виолета вели дека целото запросување било шега.
- Мислам дека тоа беше шега. Никогаш нема да дозволам навистина да ме запроси на таков начин, во куќата на „Големиот брат“. Ова само може да му помогне да ја земе наградата, рече низ смеа Вики.
Младата Македонка не крие дека сака да биде млада мајка, но сепак смета дека пред да го кажа судбоносното „ДА“, Карло прво треба да излезе од реалното шоу за да видат како ќе функционираат надвор во реалниот живот.
Превземено од www.idividi.com.mk
| < Пред | Следно > |
|---|







