Доколку се придржувате кон четирите лоши навики како што се: алкохолот, пушењето, недостатокот на физичка активност и лошата исхрана, вашиот организам може да биде 12 години постар отколку што навистина е, покажало британското истражување.
Истражувањето на данските научници сугерира дека секоја дополнителна цигара која во просек дневно ја пуши трудницата го зголемува ризикот за страбизам кај детето за 5%.
Готвењето на шпорет на гас е многу поопасно од готвењето на електричен шпорет и тоа може да предизвика рак, тврдат научниците од норвешкиот универзитет во Трондхајм.
Црвеното вино и црното чоколадо, покрај боровинките, белиот лук, сојата, чајот и другите слични продукти се вбројуваат во храната која го храни телото и истовремено ги убива клетките на ракот.